Centar.mk
БИЗНИСвест

Водечките европски економски авторитети доаѓаат во Скопје

На 18 ноември годинава, Скопје и хотелот Хилтон ќе бидат домаќини на Балкан Економик Форум 2022 (Balkan Economic Forum 2022), конференција која ќе ги донесе некои од најзначајните експерти за економија, енергетика, финансирање и одржлив развој од Балканот и поширокиот европски регион.

Претставници на некои од најзначајните европски институции како Европската Комисија DG Ener, ЦЕФТА секретаријатот, ЕБРД, Централната европска иницијатива (CEI), Европската инвестициска банка, ERSTE Banking Group, Виенскиот економски институт (WIIW), Western Balkans 6 Chamber Investment Forum и други ќе учествуваат на вкупно четири панели, надополнети со низа експерти од домашниот и регионалниот банкарски и приватен сектор, меѓу кои и директори на регионалните берзи, претставници на централните банки и водечки компании.

Водечки теми на овогодинешното издание на Balkan Economic Forum ќе бидат регионалната економска соработка, забрзана енергетска транзиција на Балканот, финансирање на економската соработка и регионалниот развој и подобрување на стручните вештини на работната сила на Балканот.

Повеќе информации за настанот, како и детали за обезбедување на присуство може да се најдат на официјалната интернет страница на конференцијата: https://www.balkaneconomicforum.org

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – РКЕ пред одлука

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА СТАВАТ НА МАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА – Утре седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите

ДЕСК

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК