Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Со добар менаџмент Македонија нема да има потреба од увоз на струја и цената на парното нема да се зголемува

Со добар менаџмент Македонија нема да има потреба од увоз на струја и цената на парното нема да се зголемува. Со целосна искористеност на енергетските капацитети, што подразбира активност на трите блока во РЕК Битола и активен РЕК Осломеј, како и ТЕЦ Неготино и ТЕ ТО, надоврзувајќи ги на тоа и хидропотенцијалите Македонија ќе биде во состојба сама да ги задоволи потребите за струја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Скопјани нема да имаат проблем ниту со скапо парно, ниту со поскапување на услугите затоплување доколку се набави ефтин гас. Со ниска цена на гасот, ќе се обезбеди сигурно греење за скопјани, како и нормално функционирање на ТЕ ТО, која ќе произведува струја за стопанството.

Власта да покаже разум. И да ги стави државните интереси пред се, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК