Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео)Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми за да се зголеми ефикасноста, а резултатот е под нула

„Власта во 2022 година во ЈП Македонски шуми вработила 480 луѓе за период од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавнто претпријатието, односно да се зголеми сечата на дрва. Резултатот од тие вработувања е еднаков на нулата. Имено реализацијата на сеча на огревно дрво е за 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Македонски шуми“ изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски посочи дека „овие 480 вработувања се за работните места, сечачи, дотурачи, редач-утоварач-истоварач и шумски работници за кои што Македонски шуми ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милиони евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требала да се зголемува, а не кататстрофална реализација како што е сега“.

„И сето ова би било во ред доколку ЈП Македонски шуми си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина на огревно дрво имајќи во предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс за затоплување на домовите. Со ваков неспособен менаџмент на Ј Македонски шуми, нема ниту доволно дрва за огрев, а претпријатието се расфрла со непотребни вработувања и пари кон фирми“ вели тој.

Ставот на Трипуновски е дека „власта наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа вдомува свои партиски војници во институциите кои не ги извршуваат своите работни задачи, со огледа дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП Македонски шуми, нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта каде цената на метар кубен дрво достигнува и над 5000 денари“.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК