Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ЈСП е пред колапс заради ВМРО-ДПМНЕ, нивните раце во медот, тендерите, провизиите и неспособноста

Градскиот превоз и функционирањето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се пред колапс заради неспособност, тендери и провизии на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ,се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека не само што нема нови автобуси, не само што нема бесплатен превоз, туку на Скопје му се заканува ситуација и воопшто да нема јавен превоз, нешто што досега се нема случено. И сето тоа поради градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со медарот Христијан Мицкоски, исклучиво таму е вината за ваквиот колапс.

Граѓаните на Скопје не ги избраа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивната градоначалничка да излегуваат во јавноста и да ја префрлаат вината на кој ќе им текне туку да работат. СДСМ преку својата советничка група нема да дозволи неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри да биде на штета на Скопје и скопјани, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК