„ Се кажаа многу работи на оваа говорница, но, за жал, не сите беа вистинити. Кога зборуваме зашто некој оди по улици, денес тој човек не беше да отвори гранапче, туку беше на место каде што, заедно со градоначалникот на Кисела Вода, ќе биде започнат со градба еден современ пазар којшто граѓаните на Кисела Вода го бараат долги години. Тоа е така затоа што градоначалничке нам, на политичарите, ваквите работи ни се светост. За разлика од Вас и од тие околу Вас, на кои не ви се баш приоритет. И токму затоа и Мицкоски и Галески и Андоновска и Андоновски и Нелоски, сите ќе отидеме каде што сме ветиле дека ќе го направиме нешто, ќе почнеме да го правиме тоа нешто или пак кога ќе го завршиме, бидејќи ќе повторам програмата пред којашто сме излегле како советници, градоначалници и како партија имаме обврска да ја исполниме“, истакна Владимир Нелоски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Нелоски додаде дека токму затоа ќе одат бидејќи ќе има со што да се пофалат.
„ Можеби ви е криво бидејќи не може да најдете друштво за да отидете на некој од тие проекти, коишто ги има во мал број. Се надевам дека ќе се зголеми бројот. Во однос на директорот на ЈСП, ви благодарам што признавте пред јавноста дека јас како човек, но и ВМРО-ДПМНЕ како партија имам широкоградост кога се работи за граѓаните на Скопје и интересите на граѓаните на градот Скопје, и дека не нè интересирало дали некој е од одредена политичка партија сè додека е тој професионалец. Да, немаме никаков проблем со ниеден човек доколку е професионалец и си ја врши својата работа. Но, истиот тој директор Александар има телефонски број од тие што биле пред него и тие што сега во моментов седат на 500-тини метри од нас во влада. Требаше да чекаме толку за да реагираме? Зашто истиот тој директор не ги побара своите сопартијци пред четири месеци кога гледаше дека ситуациајата е алармантна “, праша советникот.
Тој ѝ се обрати на градоначалничката при што рече: „Повторно се занимавате со медарство, пчеларство и сè друго. Но, од оние информации коишто ги имам јас, не сте толку храбра кога давате исказ каде што кривично ќе одговарате ако дадете лажен исказ. Како што сте храбра сега на оваа говорница, да велите за некој дека е криминалец, а без да имате еден единствен доказ што го потврдува тој криминал. Тоа што некој не комуницира со Вас градоначалничке не е криминал“.
„ Бидејќи тука на говорница се зборува за матни ликови… можеби една од причините за финансиската состојба и неможноста на Градот да му помогне на ЈСП е тоа што законската обврска за пресметка на комуналии, којашто е обврска на Градот да биде пресметана и да биде дадена на инвеститорите коишто сакаат да инвестираат, се држи по не знам колку месеци. Зашто? И јас се прашував додека не дознав дека одредени инвеститори биле посетувани од луѓе блиски до Градот да им се понудат за помош да им бидат забрзани пресметките за комуналии. Нешто што ниеден градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и независен во историјата на Градов не го оспорувал и не го кочел“, рече Нелоски.