Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Им впериле огнено оружје – Детали за инцидент во Чаир

На 18.10.2022 во 21.05 часот во Полициската станица Чаир, Д.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Чаир, додека бил со Е.А.(22) и со Б.Д.(34) во патничко возило „ауди Q5“, со скопски регистарски ознаки, И.М., Р.М. и И.М., кои биле со патничко возило „фолксваген пасат“ замавнувале со тврд и остар предмет кон нивното возило.

Исто така, во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, И.М.(30) од Скопје пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Чаир, додека управувал патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, во кое бил и И.М., се разминале со патничко возило „ауди Q5“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле три лица, од кои едното вперило огнено оружје кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК