Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Потребни се функционални анализи на сите институции за граѓаните да добиваат поквалитетни услуги

„Функционалните анализи се неопходни алатки во секоја институција за да видиме колку од вработените извршуваат работни задачи квалитетно, дали целото работно време го посветуваат, дали имаат работен ангажман за тоа работно место да работат цело работно време и врз основа на тоа да се направи внатрешна реорганизациј“ изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека нема да има отпуштања, туку преку мобилност и преземања вработените ќе одат во оние институции каде што недостасува таков кадар.

„Во ниту еден момент при носењето на планот за фискална одржливост не беше бркање од работа, намалување на плати или уназадување на правата. Планот е за да се нарпави заштеда, секој работник да покаже резултати и на крај секој граѓанин да добие поквалитетна услуга. Со години наназад зборуваме дека администрација не испорачува квалитетни услуги“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека препораките за работа дома важат за тие кои имаат услови за тоа и кажа дека платите на вработените кои ќе работат од дома нема да се кратат.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК