23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Од утре почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризични групи население

Министерството за здравство информира дека од утре (среда, 19.10) почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.

Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани.

Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање.

Потсетуваме дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.