23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Груби оствари средба со албанскиот амбасадор, Река: Заедничка владина седница на 14 ноември

Скопје, 18 октомври – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, г-дин Фатос Река.

Груби и Река на средбата разговараа за координација на деталите од заедничката средба со Владата на Република Албанија која ќе се одржи на 14 ноември во Скопје и на која се очекува да бидат потпишани важни договори, како држави целосно посветени на раст на соработката и продлабочување на односите во повеќе области, вклучително и економската, што истовремено ја зголемува конкурентноста на компаниите во земјите од регионот.

Капиталните проекти меѓу двете земји беа дел од разговорот на средбата со амбасадорот Река, додека Коридорот 8 и железничката линија како два значајни проекти кои ќе ги поврзат не само Република Северна Македонија и Република Албанија, туку и земјите на регионот беа именувани како поволни иницијативи во време кога земјите се на пат кон членство во Европската Унија.

Имплементацијата на проектот „One stop shop“, со кој се очекува да се скрати времето на царинските и граничните контроли, беa дел од разговорот меѓу Груби и амбасадорот, Река. Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставни процедури на граничниот премин води кон забрзување и поедноставување на циркулацијата на граничните премини и оваа иницијатива треба да се стави во функција што е можно поскоро.
Груби понатаму ја изрази својата поддршка за иницијативата на премиерот, Рама во Парламентарното собрание на Советот на Европа за ревизија на Резолуцијата 1782 за прогласување на неосновани обвинувањата за трговија со човечки органи во војната во Косово, како силна порака до Европа за волјата на непоколебливо прозападно партнерство и неуморниот сон за интеграција, но и сосема легитимните барања и националните права за Косово и неговата праведна војна.