15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Унтершпергер: Украина нема место во НАТО, сите губат од санкциите, добива само Америка!

Директорот на „Салинен Австрија АГ“ ја критикува владата на Австрија сметајќи дека бизнисмените се оставени на цедило среде енергетската криза.

Тој бара од Германија, во врска со поскапувањето на гасот, отворање на гасоводот „Северен тек 2“.

„Американците воопшто не се оштетени од санкциите, тие профитираат од нив, а Германија и Австрија си пукаат во колено“, објасни Унтершпергер за агенцијата АПА.

Според него, ЕУ направила големи грешки и смета дека на Украина никогаш не требало да ѝ биде понудено членство во НАТО, но сега не може да се врати назад бидејќи Европа би го изгубила својот углед.

„Веќе во јануари, пред војната во Украина, компанијата го намали производството 20 отсто поради цената на енергијата.

Сега, вели, ситуацијата е уште полоша.

Унтершпергер рече дека се намалуваат однапред купените количини енергија и дека компанијата е сè поизложена на пазарните цени, кои само делумно може да ги пренесе на клиентите.

„Досега успеавме да проследиме само 10 до 12 отсто, а ни требаат од 25 до 30 отсто“, рече тој.

Тој посочи дека производството и натаму е 20 отсто помало и така ќе остане до крајот на годинава.

И покрај тоа, тој очекува балансиран до малку позитивен резултат за тековната деловна година.

Унтершпергер смета дека политиката ги оставила бизнисмените на цедило.

Тој ја критикува австриската влада за воведувањето данок на CO2, што, како што вели, влијае на конкурентноста во споредба со Германија.

„Нашите германски конкуренти добиваат огромни суми пари, а ние идиотите седиме на суво и мораме да платиме 400 евра за мегават-час“, додаде тој во изјава за агенцијата АПА.