Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Потомокот на Оцка, Трајковски: Лудо е да се тврди дека стихот “клетите душмани” се цензурирал со „фашисти“, а сега обратно

„Хорскиот аранжман за ‘А бре, Македонче’ е направен кон крајот на седумдесетите години од минатиот век, кога песната била третирана како народна. Ако е направена цензура, тогаш била направена, но тоа е лудо, во тој период да се прави цензура на такво нешто“ рече Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајлоски-Оцка, еден од авторите на песната.

Трајковски додава дека низ историјата песната е пеена и со „клетите душмани“ и со „клетите фашисти“, како и со „денешните тирани“.

„Зброваме за периодот од четриесетите до седумдесетите години на минатиот век, кога бил негуван патриотизмот и отпорот кон бугарскиот окупатор во Втората светска војна. Сите три збора биле искажувано со истиот гнев“ вели Трајковски.

Тој додава дека песната до 1990 година се водела како народна песна, веројатно бидејќи нејзината популарност брзо ги надраснала авторите и бидејќи станала популарна во време на војна, кога никој не се замарал со тоа кој е автор.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК