Centar.mk
БИЗНИС

Економистите во светот очекуваат многу висока инфлација

Економистите очекуваат високи стапки на инфлација во светот оваа и в година, со просечна стапка од 9,5 отсто, според последното квартално истражување на економските експерти (ЕЕС), спроведено од германскиот институт IFO и Швајцарскиот институт за економска политика.
Во истражувањето учествувале 1.687 економисти од повеќе од 100 земји, се вели во соопштението на Институтот од Минхен.

Во споредба со вториот квартал, очекувањата за инфлација за 2022 година повторно се зголемија значително, 1,8-процентни поени, вели Никлас Потрафке, истражувач во IFO. Испитаниците во истражувањето биле прашани за прогнозите за инфлацијата за 2023 и 2026 година. Во просек испитаниците очекуваат глобална инфлација од 7,5 проценти в година, а стапката во 2026 година ја гледаат на 5,0 проценти.

Во источна Африка, на пример, испитаниците во истражувањето очекуваат просечна стапка на инфлација од нешто помалку од 60 отсто во 2022 година, во споредба со 7,3 отсто и 7,2 отсто во Западна Европа и Северна Америка.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК