23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Драстичен пад: Цената на струјата на берзите пониска за 50%

Електричната енергија денеска на берзите се продава за речиси 50 отсто поевтино од вообичаените цени од последниве неколку месеци. Еден мегават час електрична енергија на унгарската берза ХУПЕК денеска чини 109 евра, а минатиот понеделник истата се продаваше за речиси 200 евра. Слично е и на берзата ИБЕКС во Софија каде мегават час изнесува 190 евра а пред една недела цената изнесуваше за 100 евра повеќе.

Овие трендови се резултат на намалената побарувачка на компаниите кои ставија клуч на врата поради неисплатливоста да работат со огромни загуби кои се резулатат на набавната цена на струјата. Ваквите податоци ги охрабрија македонските власти кои оценуваат дека работите можат да се придвижат кон подобро. Но велат дека се свесни дека ако утре има зголемена побарувачка на електрична енергија, цените веднаш ќе се зголеми. Од владата информираат дека се уште постојат опции за набавка на струја и природен гас од земјите од опкружувањето.