11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Трипуновски: Власта купува пченица по повисока цена, над 1 милион евра ќе завршат во приватни џебови!

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека додека народот гладува, владата со народни пари купува пченица, по цена 25% повисока од берзанската.

Во два наврати, појасни тој, Агенцијата за стоковни резерви троши околу 9 милиони евра, за набавка на 20.000 тони пченица. Цената која ја плаќаат за килограм, како што рече, оди дури и над 26 денари за килограм. Односно над 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи.

„Имено на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4,4 милиони евра и двата, за набавка на 10.000 тони пченица, едниот со фирмата Агроглобал трејд ДОО Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од Тетово. Месец и половина подоцна, на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, исто така за набавка на 5.000 тони печница, овој пат за вредност од 2,1 милион евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор, исто така за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2,2 милиони евра, овој пат со фирмата Млин Аргулица од Карбинци. И во двата случаја се извршени по две набавки, вкупно 4 на број, и набавени се 20.000 тони пченица. Цената на килограм пченица во еден договор е околу 26 денари, а во трите други над 27 денари за килограм“, вели Трипуновски.

Целиот случај, оценува тој отвора сериозен сомнеж за огромни профити кои завршуваат во нечии џебови, ако се земе во предвид дека берзанската цена на пченицата во Србија изнесува околу 20.5 денари за килограм, ако на тоа се стави и цена на транспорт која е околу 2 денари за килограм, доаѓаме, вели тој, до цена за килограм не поскапа од 22.5 денари.

Со ваквите договори, прецизира Трипуновски се создаваат над 1 милион евра, пари за кои се сомнева дека ќе завршат во приватни џебови, а можеле да бидат заштедени.

„Од тука се поставуваат неколку логични прашања:

Зошто Владата кога веќе имала пари не извршила интервентен откуп на македонската пченица од македонските производители согласно Законот за земјоделство каде јасно стои дека ако просечна откупна цена е помала од производната цена како што е во конкретниов случај. Па во овие кризни ситуации за македонските земјоделци можела и да ја плати по цена како што ја плаќа српската.

Дали со оваа набавка од 20.000 тона пченица е извршена целосна пополнетост на стоковите резерви од кој според закон би требало да обезбедат покриеност на потрошувачката на пченица за 120 дена?

Како и зошто Љупчо Николовски од позиција на министер за земјоделство не испреговарал пониска цена или цена приближна до берзанската?

И на крај, доколку навистина владата и СДС се грижеше за македонските земјоделци, тогаш ќе се откупеше македонската пченица и наместо парите да се изнесеа надвор од државата, ќе останеа во државата и ќе се реинвестираа во домашното производство“.

Го повикува Љупчо Николовски да излезе пред јавноста и да даде одговор пред македонските земјоделци во чиј џеб ќе завршат овие еден милион евра и зошто не се откупи македонска пченица.

Власта, вели Трипуновски, краде дури и од храната за граѓаните, и тоа како што рече, мора час поскоро да заврши.