24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски во интервју за Тв Плус, Куманово: Сите расположливи сили се ставени во функција на граѓаните, безбедноста во сообраќајот подобрена

Во интервјуто на Спасовски на ТВ Плус – Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали позачестените сообраќајни патроли и казни ќе придонесат за поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи и дали се доволни сегашните полициски патроли во Куманово, објасни дека сите расположливи сили се ставени во функција на граѓаните и дека во моментов има над 50 нови полициски службеници кои што се распоредени во СВР Куманово како приправници.

„Безбедноста сме сите ние, секој еден човек, секој граѓанин. На подрачјето на СВР Куманово во периодот од почетокот на 2022 година заклучно со 30.09.2022 година се санкционирани 4.157 возачи кои управувале под дејство на алкохол. За истиот период во 2022 година биле санкционирани 7.062 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека во првите девет месеци од 2021 година биле санкционирани 6.919 возачи за истот прекршок. На подрачјето на градот Куманово во месец септември 2022 година нема регистрирано ниту една жртва при случена сообраќајна незгода, додека во месец септември во 2021 имаше едно загинато лице во сообраќајна незгода. Исто така, во период од 01.09.2022 до 30.09.2022 година биле санкционирани 130 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 793 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека за истиот период во 2021 година биле санкционирани 51 возач кои управувале возило под дејство на алкохол и 442 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната“, истакна Спасовски.

Министерот потенцираше дека една од причините зошто бројките оваа година се зголемиле, е што се големени и контролите, меѓутоа изрази лично незадоволство од начинот како граѓаните гледаат на безбедноста во сообраќајот.

„Не може да биде причина да внимаваме во сообраќајот само затоа што ќе има полициска патрола. Ние мораме да знаеме дека безбедноста во сообраќајот значи да го чуваме својот живот, на нашите сопатници и на сите учесници во сообраќајот. Вкупно на територијата на државата за овие девет месеци во 2022 година санкционирани се 74.604 возачи за брзо возење, додека во истиот период лани санкционирани се 82.999 возачи. За возење автомобил со затемнети стакла, односно неатестирани фолии, во првите девет месеци од 2022 санкционирани се 953 возачи, додека во истиот период лани санкционирани се 802 возачи. За возење под дејство на алкохол во првите девет месеци од 2022 санкционирани се 9.598 возачи, додека во истиот период лани санкционирани се 7.942 возачи. Така што, ако погледнеме и во делот на жртви во сообраќајни несреќи во првите девет месеци од 2021 година вкупно загинати лица во сообраќајни незгоди се 94, додека оваа 2022 година во истиот период има 88 загинати лица. Значи, со сите овие мерки и на превенција и репресивни мерки кои ги преземаме и контролите што ги правиме, навистина имаме подобрување на резултатите. Така што и повеќе полициски службеници на терен има, не само во СВР Куманово, туку и на територијата на државата. Апелирам до сите граѓани да имаме повисоко ниво на одговорност во делот на безбедноста“, потенцираше минстерот Спасовски.