Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Две лица приведени, пронајдена марихуана во акциска контрола во угостителски објекти

Денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, била спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, биле приведени две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници.

Затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00.00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација.

За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК