Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Излетало возило на патот Гостивар – Тетово, возачот е тешко повреден

На 13.10.2022 во 1:15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Тетово, патничко возило „фолксваген туран“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(29) од с. Вруток, Гостиварско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК