Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кадрите на ВМРО ДПМНЕ се расфрлаат со парите на граѓаните, Спасовски патува со нискобуџетни авио-компании !

Како се трошат народните пари е катадневната тема на поличките опоненти со кои се бомбардираат македонските граѓани.

Kадрите на ВМРО ДПМНЕ кои ја имаат под свое локалната власт денеска беа „напеналени“ дека преку јавните претпријатија „испумпуваат“ и трошат недомаќински народни пари. На ова се накалеми и објавата на сајтот на Бирото за јавни набавки, дека Град Скопје на 10 октомври, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на седум квантитативни истражувања на јавното мислење ! Скопје го раководи Данела Арсовска која на локалните избори беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ и беа во спрега до неодамна кога им пукна „тиквата“ бидејќи „мајката“ ги фатила кадрите на опозициската партија со „рацете во медот“ !

Ваквото (не)домаќинско работење со парите на граѓаните беше повод да се запалат социјалните мрежи. Наспроти недомаќинското трошење на парите од кадрите од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, беше посочено дека министерт за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски на службено патување заминал со нискобуџетна авио-компанија !

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК