4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Брисел бара конструктивност од опозицијата и потврдување на нивната европска ориентација

Европската комисија денеска ги прави последните проверки на текстовите од Извештаите на напредок за земјите од Западниот Балкан. Овие редовни извештаи на европската администрација за напредокот на земјите од регионот во исполнување на европските агенди пред јавноста ќе биде презентиран во текот на утрешниот ден.

Како што дознава НОВА, во овој прв извештај по одобрување на условениот старт за преговори, генералната оценка е подобра од минатогодишната, пред сѐ, поради усогласеноста на надворешната и безбедносната политика со онаа на ЕУ што официјално Скопје јасно ја демонстрираше со поддршката за Украина и спроведувањето на санкциите кон Русија. Во извештајот позитивно се оценети напорите на Владата да го одржи ресорскиот курс на државата и патот кон членство во ЕУ. Во извештајот се препорачува земјата да продолжи по истиот пат со засилена динамика. Во однос на спроведувањето од обврските во европската агенда, Брисел упатува и апел за конструктивност до опозицијата, како и за потврдување на декларираниот политички консензус за членство во ЕУ преку потребните промени во Уставот, кои се услов за старт на преговори по започнатиот скрининг процес кој ќе трае до средината на наредната година, пишува Нова.