Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во моментов се врши тешка кражба во Дрисла, се изнесува бакар како отпадно железо

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.

Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра.

Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на нова крими коалиција Арсовска – СДС“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК