Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски да ги објасни сликите и поврзаноста со претседателот на Бугарскиот клуб

Граѓаните очекуваат одговори од Мицкоски, да ја објасни својата поврзаност со претседателот на контроверзниот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, соопшти СДСМ.

„ Лицемерниот Мицкоски да не бега туку да ги објасни сликите и да каже во какви релации е со претседателот на бугарскиот клуб. Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или има и нешто друго?

ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров. СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на вистинската страна на историјата“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК