Centar.mk
БИЗНИС

Блинкен: Истекувањето гас од „Северен тек“ нема да влијае на енергетската безбедност на Европа

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека истекувањето гас од гасоводот „Северен тек“, според неговото разбирање, нема значително да влијае на енергетската безбедност на Европа.

Блинкен на прес-конференција рече дека САД сè уште не ги потврдиле првичните извештаи дека протекувањето може да биде резултат на напад или саботажа.

Додаде дека саботирањето на гасоводот нема да биде во ничиј интерес.

Шведската полиција претходно објави дека повела прелиминарна истрага за можна саботажа на гасоводот „Северен тек 1“ во Балтичкото Море.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВААТ ОД СТРАНСТВО, А СЕ ПРОДАВААТ ПОЕВТИНО – Зошто домашното пиво не е секогаш поповолно?

ДЕСК

АЛТА БАНКА НА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – Македонската берза со известување до инвеститорите

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КУРСНА ЛИСТА – Еве колку ќе чинат еврото, доларот и фунтата од утре

ДЕСК