Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

163 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК