Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Началникот на Генералштабот, генерал Васко Ѓурчиновски во Косово имаше помала сообраќајка несреќа со автомобилот во кој се превезувал, по што настанал и пожар

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал.

Имено, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК