23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Објавена е прва долгорочна прогноза за зимата

Метеоролошката служба Severe Weather Europe ги објави предвидувањата за зимските месеци 2022 и 2023 година.

Тие го користеле моделот ECMWF од Европа, моделот CFSv2 од САД и комбинираниот северноамерикански модел NMME.

Со комбинирање овие три модели тие веруваат дека може релативно веродостојно да ја прикажат просечната слика од три зимски месеци, но истакнуваат дека и со најсигурни податоци времето не може да се предвиди со стопроцентна точност.

Месечните прогнози на НАО на ECMWF укажуваат на негативни трендови во почетокот на зимата.
Тие би можеле да ги зголемат шансите за постудени периоди во делови од Европа. Негативен NAO значи поголем притисок над Гренланд и Исланд, што го нарушува стандардниот западен млазен поток.

Што се однесува до температурите, тие треба да бидат просечни на запад под влијание на областа на низок воздушен притисок над Западна Европа и Азорските Острови.

Поголемиот дел од континентот е во опсег на просечни температури, а во Централна Европа има шанси за натпросечни температури.

Тие прогнозираат дека количината врнежи ќе биде и во рамките на просечните вредности за поголем дел од континентот.

Североисточниот дел би можел да остане нешто посув од вообичаеното, а медитеранската област се очекува да има поголема количина врнежи од вообичаеното за зимските месеци.

Тие предвидуваат и дека ќе падне потпросечно количество снег, но предупредуваат дека тоа не значи оти воопшто нема да има снег и додаваат дека оваа прогноза не се согласува со онаа за температура и врнежи.