Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши буџетски пари за морски плодови, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија

Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата.

Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК