Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Поделби, кавги и внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ само за пари и тендери

Јавноста изминатите денови сведочи на меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за рацете во медот и тоа за тендер од 136 милиони евра во Град Скопје. И додека трае кавгата на релација ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, за пари и тендери, во самата опозицициската партија се случуваат поделби и внатрешни судири, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека самите даваат различни изјави од Мицкоски за промена на Уставот и против референдум. Самите велат дека Мицкоски бил потрошен и треба да си даде оставка.

ВМРО-ДПМНЕ има бројни внатрешни проблеми кои треба да си ги решава, но она што е поразително е не само што таа не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК