Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градоначалник на еден ден – Костадинов го споделува струмичкиот кабинет со младите

Фејсбук статус на Коста Костадинов, градоначалник на Струмица:

Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Димитар Влахов“, кој денеска е во улога на Градоначалник на еден ден.

Заедно ќе ги извршуваме планираните градоначалнички обврски во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и неговите забелешки и предлози за уште поголема соработка со младите и поуспешен развој на нашата Општина.

„Градоначалник на еден ден“ ни е заедничкиот проект со Europe House Strumica со која негуваме взаемна почит и соработка на повеќе полиња.
Заедно со младите од срце за Европска Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод Скопје со известување до граѓаните за работното време за време на празниците

ДЕСК

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +