Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО ДПМНЕ

Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, на здравје коалиција со антимакедонската и дезертерска СДС која и плаќа билборди и спотови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДС ги плаќа билбордите и видеата на Арсовска, коалиција дезертерска темелена на уцени и бизнис интереси. Не поминаа неколку дена се покажаа вистинските мотиви на Арсовска, тајните средби со дезертерот Ковачевски и Зечевиќ имаат ефект, тие и ги плаќаат билбордите низ Скопје, за политичка пропаганда.

Арсовска наместо да работи се занимава со политиканство, одработува затоа што е уценета. Арсовска свесно го загрози проектот за прочистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка.

Заради Арсовска е загрозен проектот за прочистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови. И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза.

Народот го гледа лицемерието на СДС и Арсовска и тоа ќе го казни“ додаваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК

Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Пронајден починат обезбедувач во стражарска куќичка во Прилеп

ДЕСК