23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Системот на балансерот за вработување во администрацијата треба да се напушти

Системот на балансер треба веднаш да се напушти, вработувањата во администрацијата треба да бидaт стручни и високообразовни луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Досегашниот систем на вработување на администрацијата донесе неквалитет и неажурност, со што се создава голема неправедност и нефункционалност. Антимакедонската СДС и невниот коалиционен партнер ДУИ го користат овој систем за вработување на партиски послушници.

Во неколку наврати само последниве месеци македонската јавност беше сведок како македонци се пишуваат албанци или пак турци или роми само за да добијат работно место, злоупотребувајќи го балансерот како систем за вработување.

Напредокот и вработувањата треба да биде базарина на знаење, квалитет и стручност, а не на припадност на етнича заедница.

Треба да имаме граѓански пристап при вработување во администацијата, тоа значи секој квалитетен кадар, и со вештини и знаење треба да бидат вработени во јавната администрација.

Треба да се започне со создавање на систем за граѓаните, за квалитетни услуги за граѓаните, а не за неколку политички моќници. Потребна е администрација која ќе работи ажурно, навремено и квалитетно за граѓаните“ додаваат од опозициската партија.