Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Подигале кредити од фирми за брз кеш на туѓо име

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“ и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А.(35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г.(37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И.(34) од Тетово и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.

Можеби ќе ве интересира

ГИ НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И МАЛОЛЕТНИОТ СИН И УПАТУВАЛ ЗАКАНИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ – Приведен 43-годишник во Скопје

ДЕСК

ПРОНАШЛА ПИШТОЛ „БЕРЕТА“, РАМКА И КУРШУМИ ВО ДОМОТ – 34-годишна скопјанка го пријавила оружјето од починатиот дедо

ДЕСК

ТРОЈЦА, МЕЃУ КОИ И ЖЕНА ГО НАПАДНАЛЕ И СО ЗАКАНА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ ГИ ОДЗЕЛЕ ПАРИТЕ И ТЕЛЕФОНОТ – Пријавен разбојнички напад среде Скопје

ДЕСК