Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Користење буџетски пари за рекламирање на Град Скопје е незаконско

По информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари, за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку маркетинг-агенција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека користењето буџетски средства за ваков вид активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„И во оваа пригода, како и во повеќе претходни наврати, потенцираме дека средствата на даночните обврзници не смеат да се користат за рекламирање на власта, на кое било ниво, преку приватни радиодифузери. Ваквиот начин на финансирање отвора простор за директно нарушување на независноста и уредувачката самостојност на медиумите, и може да доведе до коруптивни практики“, додаваат од АВМУ.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК