Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец, при караница извадил пиштол, но бил спречен да го употреби

Вчера на булеварот Никола Карев во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(27) од с.Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено, непосредно пред тоа на улицата Македонско-косовска бригада, Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо“, со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +