Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костовски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ и македонскиот јазик

„Додека СДСМ ги реализира стратешките цели грижејќи се за македонскиот идентитет и јазик, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси. Исто како и при приемот во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ предводена од СДСМ сега прави сè за да го попречи процесот на интеграција во ЕУ“, рече меѓудругото на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој посочи дека „иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајнички обид да се попречи европската иднина на државата“.

„Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец. Мицкоски веќе нема поддршка ниту во сопствената партија а единствен партнер во неговите деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како антинато и антиеу опција. Мицкоски бара референдум за да се поништи Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно, пред високи бугарски претставници, го поддржа“, вели Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +