22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Баиба Браже, помошничка на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, која e во посета на земјава по повод учеството на конференција за комуникатори на НАТО, чиј домаќин е Македонија.

На средбата се разговараше за соработката меѓу НАТО и Северна Македонија, за новиот стратегиски концепт на Алијансата, како и за војната во Украина и улогата и важноста на стратегиските комуникации на НАТО.

Во таа насока беа разменети мислења за комуникациските функции и планови на Алијансата, за информациските активности за време на руската инвазија врз Украина, соработката со партнерите во оваа област и дигиталните комуникации.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија, користејќи ги механизмите кои ни стојат на располагање како членка на НАТО, ќе продолжи активно да се бори со цел јакнење на отпорноста кон дезинформациите, превенирање и намалување на штетните влијанија од лажните вести, кои го поткопуваат системот и колективната безбедност.

Тој додаде дека е неопходен континуиран развој и усовршување на стратегиските комуникации кои претставуваат еден од клучните безбедносни капацитети, и дека земјава и понатаму ќе ги поддржува заедничките напори на Алијансата со цел креирање на јавно мислење базирано на фактички точни информации.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

M T

Пендаровски до Рот: Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ

M T

Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

M T

Пендаровски: Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети

M T