За да откријат колку сексот влијае на нивниот брак, два пара цврсто одлучиле да не имаат секс во период од еден месец.
Првиот пар: „Истраевме“
Џуди (37) и Крис (41) се заедно седум години, од кои пет во брак. Имаат и петгодишен син. Таа е асистент во адвокатска канцеларија, а тој сликар. Во просек водат љубов два пати неделно.
Кога Џуди го предложила овој експеримент, Крис бил прилично скептичен, бидејќи сексот е важен дел од нивната врска, а после три дена размислувал колку му недостига сопругата.
“Се чувствував како да сум на диета каде што не смеам да јадам слатки. Тоа “слатко” одеднаш ми стана забрането овошје, што ја зајакна желбата”, вели Крис.
Како што минуваа деновите, така растеше и неговата нервоза. Веќе петтиот ден беше на работ на нервен слом. Како што вели, најтешко му било утрото кога ја гледа сопругата до него и не смее ништо да потенцира.
„Толку многу ја посакував во тој момент. Џуди исто така беше нервозна, но знаев дека ќе се снајде“.
Сексот, вели Крис, бил начин за нивно поврзување и, одеднаш, тој повеќе не знаел како да и пријде на сопругата.
„Ми недостигаше, иако спиевме заедно. Сфатив дека во емотивната врска нема замена за сексот“.
Вториот пар: „Попуштивме“
Натали (30) и Ник (42) се во брак седум години. Ник има три деца од претходниот брак, а тој и Натали имаат намера да го започнат процесот на вештачко оплодување. Во просек водат љубов три до четири пати неделно.
На почетокот на експериментот, Ник бил болен, па не му било толку тешко да нема односи првите три дена. Меѓутоа, како што одминуваше неделата, тој стануваше се понервозен.
“Во неделата наутро станав и отидов во градината. Му градев куќа на нашиот зајак за да не размислува за секс. Како што одминуваше денот, јас станував сè понервозен, а сопругата стана понапната. На крајот се скаравме“, започнува Ник.
Како што раскажува, се обидел да ја прекине расправијата, па решил да направи некои домашни работи што требало да ги направи неговата сопруга. Но, ни тоа не им појде од рака и ја продолжија борбата онаму каде што застанаа првиот пат.
“Тоа што ја гледав сопругата како партнер секогаш ме мотивираше да ги прескокнам недоразбирањата меѓу нас. Сепак, почнав да пукам “на сите шевови”. Воопшто не ми се допадна овој експеримент. Се сеќавам дека истата вечер се разбудивме во кревет и тоа беше неподносливо – имавме дури и секс“, вели Ник, додавајќи:
„Утрото го поминавме во кревет за да го надоместиме пропуштеното. Апстиненцијата ме научи колку е важна блискоста во бракот и сега се чувствуваме уште поблиски“.