Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско

Вчера (1.9.2022), во 11.30 часот, во атарот на с. Негрево, Пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис.

Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка.

За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК