Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грковска на свечен прием за првачиња: Да бидете љубопитни и да прашувате, образованието е една од најважните инвестиции во животот

Да бидете љубопитни, да прашувате. Да не се плашите кога нешто не знаете, зашто денеска почнува вашата едукација која што никогаш нема да заврши. Образованието е една од најважните инвестиции во животот, им порача на првачињата заменичката на претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска, која денеска присуствуваше на свечениот прием за првачиња во ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во скопската Општина Шуто Оризари.

Вицепремиерката им посака успешна учебна година на сите ученици, изразувајќи уверување дека покрај тоа што ќе се стекнат со нови знаење и вештини, учениците во училиштето ќе изградат другарства кои ќе траат низ целиот живот.

При посетата на училиштето вицепремиерката Грковска беше информирана за целокупниот воспитно-образовен процес што се одвива во школото, каде се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество.

Грковска упати честитки и до наставниот и стручниот кадар во училиштето за нивниот ангажман и придонес од кој најмногу зависи постигнатиот резултат кај учениците.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК