Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маж си ја застрела жената во Арачиново, полицијата истражува

На 27.08.2022 во с. Арачиново, скопско од полициски службеници од СВР Скопје е приведен С.С.(68) од с. Арачиново откако тој самиот во полициска станица во 13.40 часот пријавил дека во сопствениот дом во с. Арачиново, испукал куршум од пиштол „Црвена Застава“ кал.7.65мм кон неговата сопруга З.С.(59). З.С. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата, поведена истрага

 

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК