8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за албанскиот државјанин за давање поткуп на Блаце

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Албанија, за давање поткуп на граничниот премин Долно Блаце.

Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

Предлогот за определување мерка притвор беше доставен до Основниот кривичен суд Скопје бидејќи постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​

Можеби ќе ве интересира

Времето значително се менува: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

ДЕСК

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување стари лица

ДЕСК