Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: 42 македонски винарски визби ќе ги изложат своите врвни македонски вина и производи на Саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград е одлична можност за промоција на македонското вино и развој на винскиот бизнис.

Драго ми е што дури 42 македонски винарски визби ќе ги изложат своите врвни македонски вина и производи. Саемот е одлична можност за вмрежување со потенцијални купувачи и компании од преку 200 земји од светот.

Северна Македонија просечно годишно произведува околу 100 милиони литри вино со врвен квалитет и автентичен македонски вкус. Со поддршката која изминатите години ја даваме за македонските лозари, успеавме да обезбедиме зголемување на потенцијалот двојно.

➡ Заклучно со август 2022 година, имаме вкупно 139 македонски винарски визби, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Продолжуваме да напредуваме на листата на најголеми извозници на вино во светот! Географската должина на Северна Македонија е идентична со најдобрите вински региони во светот – ние инвестираме и го користиме тој потенцијал!

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +