Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи да ја финансира изградбата на фекалната канализација во Страчинце, како и за активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во Арачиново

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање беа усвоени и информациите за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, како и за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново и за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на МЖСПП, во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација, согласно со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК