12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ сака да го бетонизира најголемиот зелен појас во Охрид

Во петок на 15та Седница на Општина Охрид, покрај продажбата на градежно место во Мауцхер за цена од 1 евро по метар квадратен, доставена е уште една скандалозна предлог одлука за Издравање на долготраен закуп на по пат на јавно наддавање на парцела во поранешната Касарна со намена ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС, објави на Фејсбук советникот на СДСМ од Охрид, Бојан Михајловски.

Со оваа одлука, како што вели Михајловски, власта предводена од ВМРО ДПМНЕ сака да го бетонизира најголемиот зелен појас во градот, наместо во поранешната Касарна да никне нов парк, да биде место за рекреација и да си остане како и до сега белите дробови на Охрид.

„Како Советник во Општина Охрид категорично ќе бидам ПРОТИВ носењето на овие предлог одлуки, бидејќи зеленилото мора да се заштити!“, истакнува Михајловски.

Ги повикувам на засегнати страни, охриѓани но и сите вљубеници во Охрид, Охрид SOS, сите невладини здруженија за заштита на животна средина да не дозволиме бетонизација на Касарната, наведува во објавата Михајловски.

Спонзорирано: