Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа на 20 август!

Соопштение на СДСM:

Жировница денеска испрати јасна порака, поддршката ја дава за кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски!

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и членот на ЦО, Оливер Спасовски, од Жировница порачаа дека со Куртовски ќе продолжат проектите кои се важни за граѓаните и општината.

“Вие покажавте дека знаете да бирате мудро. Докажавте дека знаете да победувате и да го изберете најдоброто за Жировница и за цело Маврово и Ростуше. На 20 август тука од ова место заедно ќе ја славиме големата победа на Медат Куртовски”, рече Зечевиќ пред жителите на Жировница.

Спасовски во своето обраќање потенцираше дека Маврово и Ростуше сака градоначалник кој обединува, времето на поделби и национализам е завршено.

“Сега е време за сплотеност, а не за национализам, заплашување и закани. Маврово и Ростуше знае да ја препознае разликата и знае дека времето на поделби е завршено и затоа во сабота ќе гласа за Медат Куртовски”, рече Спасовски.

Куртовски во својот досегашен мандат, со својата работа покажа дека работи за сите граѓани подеднакво. Маврово и Ростуше знае дека СДСМ е гарант за реализирани проекти кои се од суштинско значење за подобар живот.

Можеби ќе ве интересира

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнат велешанец

ДЕСК

Работна несреќа во Пробиштип, тешко повреден работник итно пренесен во болница

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.