8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Она што денес се заложби на листата на советници на СДСМ за Тетово, утре ќе бидат реални проекти

Докажавме дека за нас зборот вреди, дека она што го даваме како ветување го реализираме без разлика на се, така ќе биде и со Програмата на нашата советничка листа, она што денес се заложби на хартија, утре ќе бидат реални проекти, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на завршната конвенција пред изборите за советници на општина Тетово.

Претседалот Ковачевски нагласи дека целосна поддршка ќе добие иницијативата „Тетово сака парк“, а ставањето во функција на капелата на градските православни гробишта конечно ќе стане реалност.

„Како еден од приоритетите на нашите идни советници ќе биде решавањето на сообраќајниот хаос преку реконструкција на постојните и пробивање на нови улици и булевари и секако изградба на мини спортски комплекс помеѓу новиот базен и постојното фудбалско игралиште со што ќе се добие една спортска целина која што Тетово ја заслужува, наведе Ковачевски.

Тој нагласи дека ова се дел од определбите на листата на советници на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорије Стојановски.

„И Стојановски и сите други триесет кандидати за советници на нашата листа се докажани, угледни личности кои секојдневно придонесуваат Тетово да биде она што е – модерен, развоен и отворен град“ порача Ковачевски и ги повика граѓаните во сабота својот глас да го дадат за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.