Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Киднапирано дете во ГТЦ , пронајдено во Ѓорче Петров

Со брза реакција на полицијата пронајдено одземено дете во Скопје, приведена сторителката

Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.

Можеби ќе ве интересира

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

ДЕСК

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

ДЕСК