Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неспособноста и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ оставија долгови што сега ги плаќаат граѓаните, Владата обезбеди европски пари за изградба на пругата, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

За да ја прикрие неспособноста на градоначалниците, за да ја прикрие сопствената деструктивност, ВМРО-ДПМНЕ извртува факти и шири лажни вести.

Пеналите за кредитите кон банките што токму ВМРО-ДПМНЕ ги земаше сега ги плаќаат граѓаните поради неспособноста и најлошото менаџирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ избра компанија за изградба на пругата кон Бугарија која го напушти проектот и остави само долгови кои сега ги плаќаат граѓаните.

За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ покажа храброст и доблест да започне изградба на пруга која носи нови перспективи за граѓаните и компаниите.

Наместо скапи кредити, Владата обезбеди европски пари, неповратни средства во износ од 130 милиони евра за изградба на пругата.

Зад ВМРО-ДПМНЕ останаа заглавени и криминални проекти, сега имаме нова реалност, пругата веќе од следниот месец почнува да се гради со квалитетни и докажани изведувачи.

ВМРО-ДПМНЕ освен за лажни вести, за криминални проекти, за ништо друго не ги бидува.

Можеби ќе ве интересира

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК