Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Македон и Амир се јунаците кои денес на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на нашата Фондација “ЗАЕВ – Едно општество за сите”

Македон и Амир се јунаците кои денес на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на нашата Фондација “ЗАЕВ – Едно општество за сите”. Со нивната приказна ја промовираме и фондациската веб страна, напиша на социјалните мрежи експремиерот Зоран Заев.

Имајќи во предвид дека Македон и Амир ги поврзува љубовта кон математиката, Фондацијата им посакува повеќе „собирање“ (признанија) и „множење“ (успеси), отколку „одземање“ и „делење“.

Воедно, „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на сите млади во Република Северна Македонија им го честита 12 Август – Меѓународен ден на младите, со желба за квалитетен младешки живот исполнет со мноштво успеси, радости и вредности, пишува Заев.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК