Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

187 санкционирани возачи во Скопје, 69 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави полицијата. Апелираат, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК