Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија: Млада девојка почина во сообраќајка кај Кичево

Во СВР Охрид вчера во 20.15 часот пристигнала пријава дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај крстосницата за селото Лисичани, патничко возило „бмв“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.А.(45) од село Пласница, излетало од коловозот.

Како што информира МВР, возачот, сопатничката Е.А.(44) и уште една малолетна сопатничка од истото село биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде Е.А.(44) починала, а кај С.А. и другата сопатничка биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и полициски екипи, соопштија од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК